СЕРВИСЕР

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ДУНА ДОО:

Сервисер на мултифункциски уреди

(преземи го огласот како слика)

Дуна е компанија која веќе трета деценија неуморно работи во три држави, Македонија, Албанија и Србија и креира решенија кои будат интерес на светските пазари. Дуна е ветер во едрата на бизнисот, а нејзините вработени се оние кои го движат тој ветер напред во нови успеси. Овој септември Дуна ќе ги отвори вратите за нови луѓе кои со своите идеи, работа, посветеност и енергија ќе стане дел од таа движечка сила.  Бараме динамични, лојални, енергични и вредни луѓе кои имаат желба постојано да учат, создаваат и нивниот просперитет го гледаат како дел од  адреналинската приказната во Дуна за работна позиција сервисер.

Сервисерот во ДУНА работи како дел од динамичен тим. Tим кој заедно плови низ многу предизвици и победи. Обезбедени му се врвни услови за работа и има можност за постојан личен и професионален развој и напредок.

ЦЕЛ:

Инсталирање, сервисирање, одржување, производство и обука.

 ОДГОВОРНОСТ:

Сервисерот е одговорен да изврши инсталација, сервисирање, производство одржување и обука на сите производи на ДУНА.

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • да прими барање истото да го опише во барање за сервисирање;
  • да учествува и самостојно да изврши анализа на барања за сервисирање;
  • да специфицира резервни делови потребни за поправка;
  • да прими резервни делови од магацин;
  • да изврши сервисирање на опрема;
  • постапките од сервисирањето да ги евидентира во работен налог;
  • параметрите од работниот налог да ги внесе во информативниот систем на претпријатието;
  • да изврши испорака и инсталација на производи кај комитенти;
  • да изврши тестирање на опремата;
  • да изврши обука на корисниците за користење на производите;
  • да изврши производство на нов производ;
  • постапките од производството да ги евидентира во работниот налог;
  • да ја спроведува политиката за квалитет и политиката за животна средина
  • континуирано да се усовршува  и обучува во својата област со цел ефикасно и ефективно да одговори на поставените задачи;
  • да обезбеди квалитет во работењето;
  • да работи во согласност со барањата на системот;

Вашите апликации ги очекуваме на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Сервисер

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »