
За компанијата:
Академија ЦЕС е компанија која веќе 25 години се занимава со реализација на обуки, семинари, работилници, доквалификација и преквалификација на кадар во повеќе области и струки. Имаме реализирано... повеќе за компанијата »
Академија ЦЕС е компанија која веќе 25 години се занимава со реализација на обуки, семинари, работилници, доквалификација и преквалификација на кадар во повеќе области и струки. Имаме реализирано бројни обуки, семинари и конференции со опфат на учесници од различни профили (невработени лица, студенти, наставници, вработени во јавна администрација/ приватни компании) од земјата и регионот. Располагаме со база на врвни експерти од различни области во полето на образованието од земјата и пошироко.
Во Академија ЦЕС делуваат 6 сектори:
1. Стручни вештини – занаети
2. Образование на возрасни/ Личен и професионален развој
3. Обуки за вработени во јавна администрација
4. Преводи и јазични вештини
5. Обуки за наставници
6. Работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)
Академија ЦЕС има потреба од преведувачи од англиски на македонски јазик и обратно за работа на проект (писмен превод)
Потребни квалификации:
- Завршен Филолошки факултет
Сите заинтересирани, да испратат кратка биографија (CV) и диплома - на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за Оглас за преведувач.
Слични огласи »