СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

КаСис АД Скопје е процесинг центар во Република Македонија за процесирање на трансакции со платежни картички, управување со АТМ и ПОС мрежа, е-трговија, персонализација на дебитни и кредитни платежни картички, неплатежни картички и сервиси на дежурен центар.

КаСис АД Скопје бара кандидат за работно место СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР.

Ве покануваме да се приклучите кон тимот на КаСис АД Скопје.

 

Опис на работно место:

  • Планирање, имплементација, администрирање и разрешување на проблеми во мрежна инфраструктура - firewall-и, router-и, switch-ови (Cisco, Check Point, HP...).
  • Инсталација и администрирање на Windows и Linux оперативни системи, VMware виртуелизација, MS Active Directory, LDAP, е-mаil, proxy, syslog, antivirus, backup, VoIP, и други апликации и сервиси неопходни за функционирање на ИТ инфраструктура.
  • ИТ имплементација и мониторирање на безбедносните политики согласно стандардот PCI DSS,  ISO27000, како и ISO20000.
  • Комуникација со надворешни соработници и обезбедување техничка подршка на внатрешни корисници.

 

Потребни квалификации:

  • Минимално ССС со соодветно работно искуство или ВСС од областа на информатичките науки.
  • Предзнаења и работно искуство во областа на планирање, инсталација и управување на компјутерска и мрежна инфраструктура.
  • Способност за индивидуална и тимска работа.
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови.
  • Автономија и самоиницијативност.
  • Организациски и аналитички способности

 

Вашата апликација, заедно со CV (професионална биографија) и сертификати, можете да ја доставите на следната e-mail адреса: [email protected]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »