ДПУ АНДРЕЈ - КОМПАНИ ДООЕЛ Штип лого

Продажен персонал

За компанијата: ДПУ АНДРЕЈ КОМПАНИ ДООЕЛ Штип е компанија која постои на пазарот во нашата земја од 1998 година со повеќе од 35 вработени и тенденција за зголемување на тимот на нашата компанија. АНДРЕЈ КОМПАНИ реализира... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ДПУ АНДРЕЈ КОМПАНИ ДООЕЛ Штип  

распишува конкурс  зголемување на тимот на вработени за работното место:

Продажен персонал

Место на работа: Скопје- (ТЦ. „ГАРДЕН  ИН  )

Локација: Влае , Скопје

Работно време: 40 часа неделно со тоа што работата се одвива во две смени и тоа: прва смена од 9.00-16.00 часот и втора смена од 14.00-21.00 часот од понеделник до петок (7 часа)  и сабота прва смена од 9.00 -14.00 часот и втора смена од 14.00-19.00 часот (5 часа).

Опис на работата:

  • Примање и изложување на робата по правила на компанијата
  • Следење на асортиманот и залихата
  • Услужување на купувачи во склад со стандардите на компанијата
  • Работа на каса
  • Административни активности поврзани со процесот на продажба
  • Извршување на работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место

Ви нудиме:

  • Редовни месечни примања и  награди за најуспешните
  • Бенефиции и редовни попусти за вработените
  • Тимска работа и пријатна работна атмосфера во која постои тековна обука за едукација  од колегите  со долгогодишно искуство
  • Кариерно напредување

Услови:

  • Минимум ССС степен стручна подготовка
  • Претходно работно искуство не се бара но би се земало во предвид доколку кандидатот има искуство на работната позиција која е огласена
  • Познавање на работа со MS Office (MS Word, MS Excel)

Лични карактеристики на кандидатот:

  • Отвореност за работа во позитивна работна атмосфера
  • Поседување на високо ниво на толеранција
  • Ентузијаст со позитивен став кон работата
  • Лојалност кон организацијата
  • Поседување на дисциплина и морални принципи во работењето
  • Поединец ориентиран кон остварување на резултати.

Кандидатот треба да ги поседуваат следниве вештини во врска со дејноста:

  • ​Развиени вештини за комуникација, особено вербална комуникација
  • Развиени презентациски вештини
  • Тимски играч кој гради соработка и негува тимска работа
  • Способност за учење, развивање и адаптирање на нови средини
  • Справување со специфични околности или проблем ситуации

Потребни документи за аплицирање по оглас:

CV - Кратка биографија со слика на кандидатот

Ве покануваме, доколку имате интерес за работната позиција и сакате да бидете дел од тимот на АНДРЕЈ КОМПАНИ  да пратите CV на следнава маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни!

Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавување.

Напомена:

Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »