ПРОДАВАЧ ВО СПОРТСКА ПРОДАВНИЦА

  • Објавен на 9.2017
  • АД ВАРДАР
  • Активен до 15.10.2017
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје

А.Д. ВАРДАР има потреба од вработување на 2 лица за работно место - ПРОДАВАЧ - во продавница за спортска опрема лоцирана во Скопје.

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ССС;
  • Поседување на вештини за продажба; 
  • Претходно работно искуство во продажба на спортска опрема ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутер, MS Office, Internet Explorer;
  • Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;

Одговорности и работни задачи:

  • Услужување на купувачите и продажба на спортска опрема
  • Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продавницата
  • Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продавницата

    Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во професионален тим;
  • Одлична почетна плата, обука и можност за напредување;
  • Работа во смени, 6 денови во неделата, 40 часови неделно.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: trifunov@rkvardar, со назнака:  “ Оглас за продавач ”.

Огласот е активен до 15.10.2017 година.

 

* Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во А.Д. ВАРДАР или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »