СЕРВИС МАКЕДОНИЈА е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:
МЕНАЏЕР ЗА ИСПОРАКИ И МОНТАЖИ
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- Завршено високо образование од областа на техничките науки
- Претходно работно искуство во менаџирање на тим и односи со клиенти
- Напредно познавање на MS Office и работа со компјутер
- Познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
- Одговорност, систематичност и организираност
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
- Способност за работа со временски рокови
Одговорности и работни задачи:
- Доделување, следење и контрола на премиум испораки и налози за монтажа на клима уреди
- Организирање, водење, контрола на екипите за монтажи на клими и премиум испорака (вработени во СМ)
- Комуникација, организирање, водење, контрола на екипите за монтажи на клими (надворешни соработници)
- Одржување на квалитетна услуга
- Исполнување на роковите од договорените налози и испораки
- Комуникација со клиенти, примање на поплаки и забелешки
- Спремање извештаи месечни, квартални и годишни
- Одржување и надополнување на мрежата на надворешни соработници
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука
- Работно време: 08:00 – 16:00
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање. Огласот е активен до 10.11.2024
Слични огласи »