Сервисер

За компанијата: Компанијата ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА ДОО Скопје (ELTA 90 Molecular Medicine) дел од ЕЛТА 90 групацијата, присутна на пазарот во Македонија од Април 2015 година е една од водечките компании во делот... повеќе за компанијата »

ЕЛТА 90 МОЛЕКУЛАРНА МЕДИЦИНА, компанија  дел од ELTA 90  балканската групација која е присутна повеќе од 20 години на Балканот, и застапник за голем број компании  за производство на опрема и производи од повеќе области на медицината има потреба од:

1- Сервисер за работа со апарати и инструменти  од областа на Медицина

 

Одговорности и задачи:

  • Вршење сервиси и монтажи во рамките на компанијата.
  • Блиска соработка и координација со останатите колеги од одделот за продажба.
  • Директна комуникација со клиентите и организација на сервис;.
  • Подготовка на Статус извештај/Налог за извршен сервис монтажа.
  • Контрола на исправноста на опремата и нејзина комплетна функционалност.
  • Навремено отстранување на дефекти како и превземање на превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти.
  • Ракува со основни средства и останати уреди заради успешно вршење на работните задачи.
  • Управува со сервисни апарати и се грижи за нивната исправност.
  • Врши монтажа и демонтажа на опрема.

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Две години искуство во сродна област ќе се смета за предност.
  • Познавање на инсталирање и ракување со медицинска опрема.
  • Способност за рутинско одржување и отстранување на дефекти на опремата.
  • Познавање на склопување на медицински инструменти.
  • Искуство во водење евиденција за медицински набавки и одржување на опрема.
  • Тимска работа, самоиницијативност и превземање на одговорност.
  • Познавање на компјутерски вештини.
  • Познавање на англиски јазик.

 

Кои моментални познавања би те издвоиле?

  • Одредено познавање на индустријата со која се занимава нашата фирма.
  • Аналитичност во работата.
  • Проактивност и самоиницијативност.

Заинтересираните кандидати да ја достават својата CV (кратка биографија)  најдоцна до 18.08. 2022 на  e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »