Агент во контакт центар

  • Објавен пред 2 недели
  • МТЕЛ ДООЕЛ Скопје
  • Активен до 29.09.2021
  • Позиција: Телефонски оператор
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Го шириме нашето работење на нови пазари и на корисниците им нудиме единствено искуство чинејќи им го животот поубав, полесен и позабавен.

Во нашето работење се водиме според нашите вредности – задоволни корисници кои се наш приоритет, работиме тимски и ги вреднуваме нашите вработени, професионални сме и превземаме одговорност за она што го работиме, се менуваме во склад со потребите на пазарот и насочени сме на постигнување на резултати. За чекор пред другите, нашата желба е да бидеме прв избор на корисниците во светот на дигитална услуга.

Дали сакаш и ти да бидеш дел од успешниот тим кој е чекор пред другите?

Пријави се за позицијата:

                  АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР во  MTEL DOOEL

Tвои задачи:

  • Презентација на производите и услугите на Телеком на сите постоечки и потенцијално нови корисници
  • Давање на информации на постоечките и потенцијалните корисници на услугите
  • Евидентирање на приговори од корисници кои се однесуваат на функционалноста на сервисот, услугите или опремата
  • Евидентирање на барања на постоечите и потенцијалните корисници во склад со процедурата за работа
  • Давање техничка поддршка на корисниците
  • Комуникација со корисниците по дигитален пат (web, mail, chat, video,  co-browse, social network)

За да бидеш успешен потребно е :

  • Да си ориентиран кон корисникот 
  • Да поседуваш комуникациски вештини и да си тимски играч 
  • Да поседуваш минимум средно познавање на MS Office
  • Да имаш минимум IV степен стручна подготовка                                                                

Кај нас можеш да очекуваш :

  • Конкурентна почетна плата
  • Динамично окружување и позитивна работна атмосфера
  • Развој на вештини преку обуки
  • Кариерен развој