Компанија со 100 % странски капитал, основана како финансиско друштво во Република Северна Македонија, со седиште во центарот на Охрид, бара високо квалификуван кадар за своите деловни активности.
Избраниот кандидат ќе има можност да работи во пријатна атмосфера со веќе постоечкиот тим и да се усоврши себеси.
Ве покануваме да се пријавите на отворената работна позиција:
Маркетинг Специјалист
Кандидатот треба да ги поседува следниве карактеристики:
• Високо образование;
• Претходно работно искуство во маркетинг сегментот од минимум 1 година, (препорачливо искуство од областа на дигитален маркетинг);
• Познавање и употреба на различни алатки и начини за интернет и онлајн рекламирање (Content маркетинг , Е-mail маркетинг, Social Media маркетинг, Google Analytics, Facebook и Google ads)
• Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
• Напредни комуникациски и организациски вештини;
• Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
• Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office
Заинтересираните кандидати може да го испратат своето CV преку копчето АПЛИЦИРАЈ!