(преземи го огласот во Word)
ЕНЕА Д.О.О - една од најбрзорастечките компании за продажба и дистрибуција во FMCG индустријата постојано работи на градење на квалитетен и успешен тим на професионалци. Работејќи со висококвалитетни и конкурентни производи за широка потрошувачка, ЕНЕА Д.О.О создава успешна приказна и континуирано им овозможува избор и квалитет на купувачите.
Придружи се на нашиот продажен тим и искористи ги своите вештини во стимулирачка работна средина.
ЕНЕА Д.О.О има потреба од вработување на Агенти за телефонска продажба од највисоко ниво со знаења и креативни телекомуникациски вештини.
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ЗА CALL CENTAR
Потребни квалификации:
- Стручна и академска подготвеност – Додипломски или постдипломски студии
- Претходно работно искуство во продажба или слична позиција
Пожелни лични вештини:
- Одлични комуникациски вештини преку јасен, прецизен и граматички точен израз.
- Напредна употреба на Microsoft Office пакетот.
- Позитивен пристап кон корисниците и колегите
- Упорност и фокусирање на постигнување резултати
- Самоорганизација
- Отвореност кон промени и флексибилност.
Одговорности на работната позиција:
- Проактивен телефонски контакт на постоечки и нови корисници преку кординација на излезни повици и на влезни (пристигнати) повици или кориснички барања
- Примање на телефонски нарачки од постоечки и нови клиенти
- Генерирање на продажба врз основа на таргетирани клиенти
- Стекнување нови клиенти и исполнување квота;
- Креирање на база на клиент,
- Информирање на клиентите преку квалитетна комуникација
- Спроведување на задачите и таргетите одредени од претпоставените;
Следење на состојбата на наплата на постојаните и новите купувачи;
- Водење евиденција и изработка на извештаи
Ние нудиме
Мотивирачки приход според постигнатите резултати
Обука за знаења и продажни вештини
Работа во тим со одлична работна атмосфера
Стимулативно опкружување преку грижа за развојот на кариерата и личниот развој.
Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат своја професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА”.
Краен рок за пријавување 11/02/2019.
Контакт инфо:
Тел: +389 44 350 991
[најави се за да го видиш е-маилот]