За компанијата: ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА е винарска визба со капацитет од 17 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали.
повеќе за компанијата »ВинаријаСковин Група ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на
ДИРЕКТОР ЗА КОМЕРЦИЈА И МАРКЕТИНГ
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
- Континуирано воспоставува и развива долгорочни партнерски односи со клучните добавувачи и купувачи
- Преговара со добавувачите и купувачите следејќи ја имплементацијата на договорените услови, препознавајки ги можностите за зголемување и унапредување на продажбата
- Прати и контролира остварување на стратегијата во согласност со целите на компанијата
- Ги претставува, преговара и ги имплементира дефинираните цели и планови кои се однесуват на асортиманот на производите, промотивните активности, ценовната политика, дистрибуцијата и наплата од клучните купувачи
- Одговорен за унапредување на продажба
- Одговорен за исполнување на планот на продажба на производите во рамка на планот за кој е задолжен
Потребни квалификации:
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
- Високо развиени вештини за планирање и организирање;
- Одговорно следење на компаниските правила и процедури;
- Лидерски вештини и развиена способност за градење и развој на професионален и долготраен однос со клиенти;
- Аналитичност и ориентираност кон резултати;
- Професионалност, одговорност и лојалност.
Поврзани огласи »