За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа.
Групацијата...
повеќе за компанијата »Друштвото за неживотно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата е застапена со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 држави во Европа, и истовремено преку своите 23.500 вработени врши услуги насочени кон задоволување на потребите на своите клиенти .
На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим .
Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa за вработување на следната позиција :
ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Ревизорот во надлежност го има раководењето со внатрешна ревизија организирана како независна организациона единица која функционално и организациски е одвоена од другите организациски единици од друштвото со сите обврски согласно важечките законски прописи:
- Целосна ревизија на работењето на Друштвото за осигурување;
- Внатрешна ревизија согласно принципите и интерните стандарди за ревизија, кодексот на етичкото однесување и актите за работење на внатрешните ревизори;
- Вршење на усогласување на методите за работењето со работата на надворешните ревизори на Друштвото кои ги ревидираат годишните финансиски извештаи .
- Постапување согласно одбврските во Законот за супервизија на осигурување, Законот за трговски друштва, Законот за ревизија и поврзаните закони со дејноста внатрешен ревизор.
- Изготвување на ревизорски извештаи за потребите на Уника Групацијата согласно определените рокови и насоки.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Високо образование од областа на Економија, Сметководство или Финансии
- Лиценца за овластен ревизор согласно Законот за ревизија или CIA -Меѓународен сертификат за внатрешен ревизор издаден од IIA
- За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување
- Искуство во внатрешна или надворешна ревизија
- Добро владеење на англиски јазик
- Комуникациски способности и способност за тимска работа
Доколку сметате дека сте вистински кандидат за работната позиција ве молиме испратете ваша Биографија – CV на следната емаил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Доставените апликации ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
Слични огласи »