Раководител на Сектор за маркетинг

Плата 55.000 ден.

Друштвото за организирање електронски игри на среќа Нова Државна Видео Лотарија НОВО ВЛТ ДОО Скопје, со адреса на ул.50та Дивизија 24а, Скопје,  е нова компанија во состав на НОВОМАТИК групацијата чија основна дејност е: организирање на електронски игри на среќа.

 НОВО ВЛТ ќе биде модерна, профитабилна компанија, која ќе ги постави стандардите за општествена одговорност од самиот нејзин старт.

Во тек е формирање на сосема нов тим. За таа цел ги охрабруваме сите оние што ги исполнуваат основните потребни услови и што се спремни да ги вложат своите капацитети и ентузијазам пред сите предизвици што ги носи една новоформирана компанија да аплицираат за следната работни позиција:

Раководител на Сектор за маркетинг

Потребни квалификации, вештини и знаења:

  • Висока стручна подготовка, - Економски Факултет – отсек маркетинг, VII/1 степен, односно најмалку 240 кредити според ЕКТС  .
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS OFIS (WORD и POWER POINT);
  • Возачка дозвола (Б-категорија);
  • Способниост за самоорганизација и организација;
  • Способност за координирање и водење на тим;
  • Одлични комуникациски способности;
  • Одлични интерперсонални и насочувачки вештини.

Работни должности на работната позиција:

  • Ќе изработува  годишни маркетинг планови и маркетинг акциони планови;
  • Ќе  ја уредува содржината на веб-страната на Друштвото;
  • Ќе го дефинира маркетинг буџетот и врши ревизија и контрола врз неговото извршување;
  • Ќе ги креира, ги реализира и  контролира  бренд стратегиите за одделните  брендови на компанијата;
  • Ќе ги креира и реализира комуникациски и ПР кампањи и врши контрола врз нивното спроведување;
  • Ќе врши анализа и мерење на ефектите  од спроведените кампањи;
  • Ќе организира  презентации, корпоративни настани и други свечености;
  • Ќе организира  продукција на печатени материјали;
  •  Ќе превзема потребни активности околу брендирање на објектите (фолии, светлечки реклами и сл.);
  • Ќе обезбедува корпоративен ПР и грижа за внатрешниот и надворешниот имиџ на компанијата;
  • Ќе организира, реализира и контролира наградни игри и останати активности со цел – развој и унапредување на продажбата;
  • Ќе врши истражување на пазарот  и анализа;

ШТО НУДИМЕ:

  • Почитување на сите права од работен однос согласно закон;
  • Мотивирачки бонуси за работна успешност;
  • Обуки за личен развој и градење на капацитот на работникот, од областа што ќе ја работи.

 

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »