Sales assistant

За компанијата: Лоцирани сме во Северна Македонија и ги пласираме нашите производи низ цела Европа. Проектот иницијално започна со вршење на CMT (Cut, Make & Trim) услуги за нашиот британски партнер Comfy Quilts Ltd.... повеќе за компанијата »

Доколку сакате да работите во динамична средина во која  секогаш се отварени вратите за младите амбициозни и квалитетни кадри, Ве повикуваме да аплицирате на огласот за

Административен асистент во продажба

Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Работно искуство во продажба, маркетинг;
  • Напредно познавање на MS OFFICE пакетот;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на втор светски јазик ќе се смета за предност.


Опис на работно место:

  • Асистирање во процесот на планирање и организирање на продажбата и маркетингот;
  • Анализа на сработените програми за продажба врз основа на планираната продажба;
  • Истражување на пазарот, условите за продажба и конкуренцијата на пазарот;
  • Контактирање со клиенти и унапредување на продажбата;
  • Анализа на одредени производи и споредба на цени.


Потребни вештини и способности:

  • Тимски ориентирана личност со желба за напредување;
  • Одлични комуникациски, преговарачки и договорачки способности; 
  • Енергичност, ентузијазам, аналитичност, проактивност и системско работење; 
  • Спосoбност за развивање и одржување на деловни односи и комуникација.

Работно време од 08 до 16 часот од понеделник до петок,

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, пратетe Ваша биографија со писмо за намери на   [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »