Комфи Ангел ДОО

ЕМБС: 40210041429
Индустрија: Трговија
Адреса: бул. Александар Македонски бр. 1Г
Град: Прилеп
Телефон: 048424553
Основана во 2004
Лоцирани сме во Северна Македонија и ги пласираме нашите производи низ цела Европа. Проектот иницијално започна со вршење на CMT (Cut, Make & Trim) услуги за нашиот британски партнер Comfy Quilts Ltd. Од неодамна самостојно ја извршуваме целата дејност, но и ја зголемуваме сопствената продажбата низ цела Европа.

Специјализирани сме за производство на полнета постелнина, со можност за избор на различен квалитет и дизајн на материјалот.
Користејќи воглавно синтетички материјали изработуваме перници, заштитници за душеци, вреќи за спиење и сите видови на постелнина. Покрај редовните линии на производство, изработуваме и специфични продукти кои имаат водоотпорни, антиалергиски или огноотпорни карактеристики.

Нашите производствени капацитети во Прилеп се распространети на 22500 м2 со приближно 1000 вработени.
Работиме според ISO 9001:2015 Стандардите и се раководиме според британската легислатива за заштита, безбедност и здравје при работа. Како потврда за својата социјална одговорност, посветеност кон заштита на животната средина и исполнување на светските стандарди на трудот акредитирани сме со повеќе сертификати: Oeko-Tex , BSCI, SGS, Intertek, SMETA. Имплементацијата на овие стандарди и протоколи во поглед на техничкиот и етичкиот аспект резултираа со највисока оцена при редовната контрола на меѓународната мрежа на ревизори.

Нашите производи ги извезуваме во повеќе европски земји: Обидинетото Кралство, Франција, Белгија, Германија, Хрватска, Словенија, Полска, Србија, Италија, Малта, Грција, Австрија, Бугарија, Словачка, Холандија, Романија, Данска, Естонија, Шведска, Финска итн. Присутни сме и надвор од Европа, во Бразил и Кувајт, a се стремиме да ја прошириме листата на извоз и во други земји. Во подем е застапеноста и на домашниот пазар.

Главните цели на нашата компанија се:
1. Задоволување на потребите на нашите клиенти преку обезбедување на квалитет, цена и навремена испорака
2. Тргување со постојано надминување на поставените стандарди
3. Почит и грижа за околината во која работиме
4. Самоиницијативно развивање на нови продукти
5. Развој на квалитетни бизнис врски
6. Тргување според етички стандарди и почитување на процедурите за безбедност и здравје
7. Одржување и работа во безбедна, чиста и контролирана средина
Се гордееме на тимскиот дух и ентузијазмот на менаџерскиот тим кој се пренесува и на целиот колектив. Со цел за подобрување и унапредување на работата, одржуваме редовни состаноци со вработените.

Една од поголемите предности е нашата местоположба, крстосница на Балканот, која овозможува лесен копнен пристап до повеќето европски држави.

Моментално нема активни огласи.




барај огласи за вработување » барај останати огласи »