МАГАЦИОНЕР ВО ТЕХНИЧКИ СЕКТОР

За компанијата: Лоцирани сме во Северна Македонија и ги пласираме нашите производи низ цела Европа. Проектот иницијално започна со вршење на CMT (Cut, Make & Trim) услуги за нашиот британски партнер Comfy Quilts Ltd.... повеќе за компанијата »

ДОО Комфи Ангел – компанија специјализирана за производство на перници, јоргани, заштитници за јога и постелнина со седиште во Прилеп, има потреба од вработување на  Магационер во технички сектор.

 

Опис на задачите: 

  • Проверка и одржување на минимални залихи на резервни делови
  • Проверка на хигиената во и околу магацинскиот простор.
  • Пребројување и проверка на пристигнатата техничка роба (од добавувачи).
  • Обележување и сортирање на пристигнатата техничка роба со соодветната шифра и име на резервните делови.
  • Водење на евиденција преку посебни записи за издадена опрема.
  • Управување на возилото при набавка на техничка роба од локалните добавувачи.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно техничко образование.
  • Работно искуство со магационерско  работење.
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на MS Office пакетот ќе се смета за предност.
  • Тимска работа, лојалност, желба за континуиран развој, учење и стекнување нови искуства. 
  • Возачка дозвола В категорија

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим.
  • Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи.
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Посветеност во обезбедувањето високо корисничко задоволство
  • Ефективна вербална комуникација.

Ви нудиме:

  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
  • Позитивна тимска атмосфера.
  • Обезбеден оброк.

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира.
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци, со поднесување на апликацијата, се согласувам Комфи Ангел ДОО Прилеп да ги чува  документите и личните податоци за процесот на вработување доставени од моја страна, со цел да ги искористи во последователните процедури за регрутирање во период од 3 години.

Јас сум информиран дека може да ја повлечам мојата согласност во секое време. Свесен сум дека ако ја повлечам мојата согласност, Комфи Ангел ДОО Прилеп нема да може да ме контактира за регрутирање во иднина за позиции кои би можеле да бидат соодветни за мене

 

 

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]  

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »