ТИМ ЛИДЕРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

За компанијата: Лоцирани сме во Северна Македонија и ги пласираме нашите производи низ цела Европа. Проектот иницијално започна со вршење на CMT (Cut, Make & Trim) услуги за нашиот британски партнер Comfy Quilts Ltd.... повеќе за компанијата »

ДОО Комфи Ангел – компанија специјализирана за производство на перници, јоргани, заштитници за јога и постелнина со седиште во Прилеп, има потреба од вработување на Тим лидери за во производство - 5 извршители .

 

Опис на задачите: 

·        Организирање на работните задачи на вработените согласно дневниот / неделниот план за работа и поставување рокови за извршување на истите.

·        Континуирана контрола на процесот на подготовка за работа и тековната работа на вработените од тимот ( при процесите на квилтање, шиење и пакување ).

·        Решавање на тековни проблеми кои се пријавени или забележани при процесот на работа.

·        Контрола на податоците за часовна / работна ефикасност на вработените од тимот.

-       Комуникација со вработените за целта на дневните работни задачи и очекуваниот краен резултат.

·        Споделува информации до вработените од тимот за новитети и планови поврзани со секојдневното работење на компанијата.

·        Давање на инструкции, водење, мотивирање и дисциплинирање на тимот

·        Ги следи и активно учестува до обуката на новите вработени во тимот

·        Го следи поведението и однесувањето на вработените од тимот согласно правилата на фирмата ( однесување, отсуства, почитување на правила и сл. )

·        Евиденција на листа за редовност и работни часови на дневна основа

·        Евиденција на годишни одмори и боледувања.

·        Евиденција на број на сработени парчиња од прва класа, втора класа и фелери по работна смена од тимот за кои е задолжен тим лидерот

·        Дневна евиденција за остварувањето на тимот забележано на Таблата за ефикасност.

 

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование, (завршено високо образование ќе се смета за предност).
  • Работно искуство во производство со управување со тимови  ќе се смета за предност.
  • Познавање на англиски јазик.
  • Познавање на MS Office пакетот.
  • Насоченост кон постигнување на резултати, тимско работење, лојалност, желба за континуиран развој, учење и стекнување нови искуства. 
  • Посветеност во обезбедувањето високо корисничко задоволство
  • Способност да комуницира јасно и професионално

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим.
  • Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи.
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална комуникација.

Ви нудиме:

  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
  • Позитивна тимска атмосфера.
  • Обезбеден оброк.

 

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира.
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци, со поднесување на апликацијата, се согласувам Комфи Ангел ДОО Прилеп да ги чува  документите и личните податоци за процесот на вработување доставени од моја страна, со цел да ги искористи во последователните процедури за регрутирање во период од 3 години.

Јас сум информиран дека може да ја повлечам мојата согласност во секое време. Свесен сум дека ако ја повлечам мојата согласност, Комфи Ангел ДОО Прилеп нема да може да ме контактира за регрутирање во иднина за позиции кои би можеле да бидат соодветни за мене

 

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]  

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »