Административен асистент во сектор продажба

За компанијата: Лоцирани сме во Северна Македонија и ги пласираме нашите производи низ цела Европа. Проектот иницијално започна со вршење на CMT (Cut, Make & Trim) услуги за нашиот британски партнер Comfy Quilts Ltd.... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

 

Доколку сакате да работите во динамична средина во која  секогаш се отварени вратите за младите амбициозни и квалитетни кадри, Ве повикуваме да аплицирате на огласот за:

 

Административен асистент во сектор продажба.

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование;
  • Напредно познавање на MS OFFICE пакетот;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на втор светски јазик ќе се смета за предност
  • Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во продажба или маркетинг;
     

 

Опис на работно место:

  • Асистирање во процесот на планирање и организирање на продажбата,
  • Анализа на сработените програми за продажба врз основа на планираната продажба,
  • Истражување на пазарот, условите за продажба и конкуренцијата на пазарот
  • Контактирање со клиенти и унапредување на продажбата,
  • Анализа на производи и споредба на цени



Потребни вештини и способности:

  • Тимски ориентирана личност со желба за напредување
  • Одлични комуникациски, преговарачки и договорачки способности;
  • Енергичност, ентузијазам, аналитичност, проактивност и системско работење;
  • Способност за развивање и одржување на деловни односи и комуникација;
     


Работно време од 08 до 16 часот од понеделник до петок,

Рок на пријавување  11.03.2018

Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата биографија со писмо за намери на:  [најави се за да го видиш е-маилот]
Само комплетните апликации ќе бидат евалуирани. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на лични податоци.


 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »