За компанијата: Лоцирани сме во Северна Македонија и ги пласираме нашите производи низ цела Европа. Проектот иницијално започна со вршење на CMT (Cut, Make & Trim) услуги за нашиот британски партнер Comfy Quilts Ltd....
повеќе за компанијата »Опис на задачите:
- Одговарање на дојдовни повици и е-маил прашања/барања од корисници и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на корисниците;
- Ефикасно прибирање на кориснички информации и задоволување на потребите на корисниците
- Обезбедување квалитетна услуга и поддршка во различни области кои вклучуваат информации за плаќања, правење нарачки, решавање на системски проблеми и слично.
- Изработува и предлага месечен и квартален план на маркетинг активности.
- Изработува извештаи за продажба по производи.
- Учествува и помага во составување предлог-програма за рекламно – пропагандни активности.
Потребни квалификации:
- Универзитетско образование (Економија, Бизнис администрација, Маркетинг или некоја сродна наука ќе се смета за предност).
- Работно искуство во продажба ќе се смета за предност.
- Има јасно познавање на пазарот, продажбата, дистрибуцијата и трендовите на пазарот.
- Одлично познавање на англиски јазик.
- Одличо познавање на MS Office пакетот.
- Насоченост кон постигнување на резултати, тимско работење, лојалност, желба за континуиран развој, учење и стекнување нови искуства.
- Посветеност во обезбедувањето високо корисничко задоволство
- Способност да комуницира јасно и професионално
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим.
- Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи.
- Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
- Организираност и одговорност.
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
- Ефективна вербална комуникација.
Ви нудиме:
- Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
- Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
- Позитивна тимска атмосфера.
- Обезбеден оброк.
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
- Назнака на позицијата за која се аплицира.
- Согласно Законот за заштита на лични податоци, со поднесување на апликацијата, се согласувам Комфи Ангел ДОО Прилеп да ги чува документите и личните податоци за процесот на вработување доставени од моја страна, со цел да ги искористи во последователните процедури за регрутирање во период од 3 години.
Јас сум информиран дека може да ја повлечам мојата согласност во секое време. Свесен сум дека ако ја повлечам мојата согласност, Комфи Ангел ДОО Прилеп нема да може да ме контактира за регрутирање во иднина за позиции кои би можеле да бидат соодветни за мене
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]