ЈУГОИМПЕКС ДОО лого

B2B Account Executive - Менаџер за Клучни Клиенти

За компанијата: Југоимпекс, компанија со 35 годинишна традиција, и водечкиот дистрибутер на премиум машини за дрвна индустрија во Македонија и Косово повеќе за компанијата »

Компанија: Југоимпекс (Yugoimpex)

Локација: Скопје (Индустриска зона Визбегово) / Работа низ Македонија

Тип на ангажман: Полно работно време (Понеделник - Петок)

За Компанијата:

Југоимпекс е лидер на македонскиот пазар во областа на дрвната индустрија и индустријата за мебел. Како генерален застапник за реномираниот австриски бренд за оков Blum, како и ексклузивен застапник за врвни светски брендови за индустриски машини (Weinig, Holz-Her, Robland, Vitap), ние обезбедуваме врвна технологија, прецизност и квалитет на нашите клиенти. Поради проширување на нашиот тим, во потрага сме по мотивиран, амбициозен и технички поткован B2B Account Executive / Менаџер за продажба.

Цел на Улогата:

Како дел од нашиот продажен тим, вашата главна задача ќе биде водење на комплетниот B2B продажен циклус. Ќе соработувате директно со производители на мебел, столарски работилници, архитекти и фабрики од дрвната индустрија, помагајќи им да ги унапредат своите производи и производствени капацитети преку нашите решенија.

Одговорности:

  • Управување со продажниот циклус: Идентификација на нови бизнис можности, воспоставување контакти и водење на преговори од првична презентација до финализирање на договори.
  • Консултативна продажба: Анализа на потребите на клиентите и подготовка на соодветни технички понуди (за индустриски машини, софистициран оков, или софтверски решенија за мебел).
  • Одржување односи со клучни клиенти: Редовни теренски посети на постоечки партнери, следење на нивниот раст и идентификување можности за upselling и cross-selling.
  • Едукација и презентации: Организација и учество во технички работилници и презентации на производи во нашиот изложбен.
  • Пазарна анализа: Следење на трендовите во ентериерниот дизајн и технологијата за обработка на дрво на македонскиот пазар.

Потребни Квалификации:

  • Претходно искуство: Најмалку 2-3 години искуство во B2B продажба (искуство во продажба или искуство поврзана со производство на мебел, материјали за мебел, индустриска опрема или дизајн ќе се смета за голема предност).
  • Технички афинитет: Способност за брзо учење и разбирање на технички спецификации, функционалности на механизми (Blum) и индустриски софтвери и машини.
  • Комуникациски вештини: Извонредни преговарачки, презентациски и продажни вештини.
  • Јазици: Одлично познавање на македонски и англиски јазик (познавање на германски јазик ќе се смета за предност).
  • Возачка дозвола: Б-категорија (активен возач, подготвеност за теренска работа низ Македонија).
  • Компјутерски вештини: Напредно користење на MS Office (Word, Excel), искуство со CRM системи и дигитални алатки за продажба.

Што Нудиме:

  • Конкурентна и редовна фиксна плата, надополнета со мотивирачки бонус систем поврзан со постигнатите продажни резултати.
  • Работа во стабилна и реномирана компанија со долгогодишна традиција на пазарот.
  • Континуирани обуки и професионален развој (вклучително и сертифицирани обуки директно од нашите странски партнери).
  • Модерна, динамична и тимска работна средина.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »