Интер-Хем Дооел, Скопје е една од водечките компании во областа на трговија на хемиски суровини и репроматеријали за сите видови на индустрија. Поради константниот пораст на обемот на работа, објавува ОГЛАС за нова работна позиција:
СТРУЧЕН КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Одговорности и задачи:
· Планирање и организирање на продажни и набавни активности;
· Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
· Следење на продажбата и набавката и превземање на активности за неjзино проширување
· Извршување на општи административни задачи во контекст на своите работни активности
· Патувања и посета на клиенти низ територијата на Р Македонија
· Следење на активностите на пазарот
Потребни квалификации:
· Oбразование – хемиски, технолошки или фармацевтски факултет, ќе имаат приоритет
· Англиски јазик на ниво Б2
· Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, интернет пребарувачи
· Возачка дозвола Б категорија
· Предност имаат лица со претходно вакво работно искуство во областа од најмалку 2 години
Процесот на избор ќе оди во неколку фази, така што само кратка листа на кандидати ќе биде повикана на интервју и понатамошно тестирање.
Доколку сте заинтересирани за динамична работа со професионален тим во одлична средина која нуди натпросечни примања, напредок и усовршување, аплицирајте на огласот со Ваша кратка биографија и мотивациско писмо.