За компанијата: Сакам книги е издавачка куќа која го следи трендот на книгите - секогаш со нови и феноменални изданија, преводи на нови книги по многу прифатливи цени.
Издавачката куќа Сакам Книги ја водат неколку едноставни...
повеќе за компанијата »Бараме фриленс графички дизајнер – креативна личност која има познавање од областа на графичкиот дизајн и фотографија.
Потребни квалификации и вештини:
– Искуство од минимум 1 година како графички дизајнер, со конкретни сработени проекти во своето портфолио;
– Познавање на програмите за графички дизајн – Adobe: Photoshop, InDesign, Illustrator и Corel Draw.
– Одлично познавање на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм)
– Креативност, самостојно генерирање идеи
– Око за детали
– Почитување крајни рокови
– Организираност
Секоја дополнителна квалификација од областа ќе се смета за предност.
Цели и одговорности:
– Дизајн и подготовка на маркетинг-материјали: банери за вебсајт и социјални медиуми
– Подготовка на каталози и припреми за печатење
– Дизајнирање корици и решенија за продажни промоции
Што нудиме?
– Хонорарна соработка со можност за вработување со полно работно време.
– Одлични услови за работа со искусен и амбициозен тим, кој постојано ќе ви стои на располагање за соработка, размена на идеи и ќе допринесе за ваш понатамошен раст и усовршување.
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат својата кратка биографија и портфолио на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 1 ноември 2021.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат критериумите и сметаме дека добро би се вклопиле во нашиот постоечки тим.