ИМПЛЕМЕНТАТОР

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Дуна е компанија која веќе трета деценија неуморно работи во три држави, Македонија, Албанија и Србија и креира решенија кои будат интерес на светските пазари. Дуна е ветер во едрата на бизнисот, а нејзините вработени се оние кои го движат тој ветер напред во нови успеси. Овој септември Дуна ќе ги отвори вратите за нови луѓе кои со своите идеи, работа, посветеност и енергија ќе стане дел од таа движечка сила. Бараме динамични, лојални, енергични и вредни луѓе кои имаат желба постојано да учат, создаваат и нивниот просперитет го гледаат како дел од  адреналинската приказната во Дуна за работна позиција ИМПЛЕМЕНТАТОР НА СОФТВЕР.

Имплементатор во ДУНА работи како дел од динамичен тим кој често патува. Tим кој заедно плови низ многу предизвици и победи. Обезбедени му се врвни услови за работа и има можност за постојан личен и професионален развој и напредок.

Улога

Имплементаторот имплеметира софтверски апликации кај корисници. Имплементацијата се состои од тестирање на верзиите на апликацијата, откривање на недостатоци и презентирање на истите кај одговорен програмер. По инсталирање на финална верзија од софтверската апликација кај корисник, имплементаторот ги презентира функциите на апликацијата на вработените кои ќе ја користат и ги обучува како да ја користат правилно. Имплеметаторот има улога и на техничка поддршка за корисници кои имаат проблем при тековно користење на софтверските апликации.

Одговорност:

  • одговорен за изработка на сценарија за тестирање и инсталација како и најлесно и најбрзо обучување на кадарот кој ќе го користи софтеврот
  • одоворен за спроведување на тестирањето, потоа анализа на резултатите и најпосле да ги поднесете своите забелешки до развојниот тим.
  • одговорен да комуницира со клиентите и соодветно разбирање на нивните барањата
  • одговорен е за обезбедување потпис за успешно спроведена обука со кај секој обучен вработен кај корисникот
  • одговорен е за креирање, обезбедување и чување на комплетна и уредна документација за секој проект посебно која подразбира: понуда; договор; SRS; функционално упатство уредно потпишано по спреведена обука; записник потппишан од двете страни; пропратна документација;
  • да прими барање и истото да го опише во барање за продажба или сервисирање
  • контролирање и тестирање на апликативни програми;
  • инсталација на пробна верзија;
  • проверка на верзија пред да се оди кај клиент на имплементација
  • откривање и корекција на неусогласеност на апликативни програми;
  • континуирано да се усовршува  и обучува во својата област со цел ефикасно и ефективно да одговори на поставените задачи;
  • да ја спроведува  и одржува политиката на квалитет и политика за животна средина во процесот на развој;
  • да обезбеди квалитет во работењето;
  • да работи во согласност со барањата на системот;
  • да ја стопира работата или да даде соодветна забелешка ако се појави неусогласеност и за тоа да го извести лидерот на проектот

Активности:

  • Да ги прочита сите документи и да го разбере она што треба да се тестира и имплементира
  • Да ги обучи корисниците за успешно користење на апликацијата
  • Посета кај корисник по потреба од имплемтација или обука
  • Врз основа на информациите набавени во горенаведените чекор да одлучи како ќе тече имплементацијата во претходна координација со лидерот на проектот.
  • Креирање на документи
  • Развивање на тест случаи
  • Одлучува за приоритетни барања
  • Постојано следење на барањата на корисниците
  • Вршење анализа дали може да одговори на барањето на корисникот или истото да го предаде на програмер
  • Прави извештај за дефекти
  • Дефинира сериозност и приоритет за секој дефект.
  • Ги следи сите фази од изработката на сотверот.

Компетенции:

  • одлично познавање на ERP софтвер;
  • технички знаења кои вклучуваат познавање на функционалностите на ERP софтвер;
  • одлично познавање на сите методологии на тестирање и инсталирање тест верзии;
  • познавање на основи на сметководство (материјално и финансово работење, основни средства, благајна);
  • познавање на правни процеси и термини;
  • напредни комуникациски способности;
  • презентерски способности;
  • способност да обучува;
  • способност за работа во тим;
  • способност да одреди начин на тестирање
  • способност да определи соодветен пристап за обука во зависност од возраста и образовниот профил на вработените.

Вашите апликации ги очекуваме на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Имплементатор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »