Магационер/Дистрибутер

За компанијата: ГРАФОТЕКС – Вашиот партнер во секојдневното работење Графотекс ДОО Скопје почнува да работи во 1993 година. Уште од самите почетоци па се до денес ние се обидуваме да ги следиме и разбереме потребите... повеќе за компанијата »

Графотекс објавува оглас за вработување на:

ДИСТРИБУТЕР 

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации. 

 Кандидатот треба да биде одговорна личност која ќе има професионален пристап кон работата, а ние ќе му понудиме одлични услови за работа:

  • Редовна плата од 22 000 ден со сите платени придонеси 
  • Постојана поддршка и помош од вработените во Графотекс во периодот потребен за адаптација
  • Одлична работна атмосвера
  • Работно време (понеделник - петок 08:00 - 16:00)

Работни задачи кои ќе ги има кандидатот:

  • Работа на терен (испорака на роба) 
  • Магацинско работење (преземање, двоење, спремање и испорака на роба)

Потребни квалификации на кандидатот:

  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Завршено средно образование
  • Добро познавање на градот

Лични карактерискити на кандидатот:

  • Способност за организација на работата
  • Одговорност, енергичност, упорност, стрпливост
  • Професионален пристап кон работата
  • Лојалност
  • Способност за самостојна и тимска работа

Испратете ни го вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со нслов: “за работна позиција ДИСТРИБУТЕР/ МАГАЦИОНЕР”, а оние кандидати кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »