
За компанијата: Дефинитивно една од најдобрите локации во градот, бидејќи автобуската станица е на само фрлање камен од зградата, а главниот градски плоштад е на само 700 метри. Паметните апартмани се совршена опција...
повеќе за компанијата »Смарт Апартмани – компанија која успешно работи во областа на апартманското сместување, има потреба од нов член на тимот за работната позиција:
Рецепционер/ка
Потребни квалификации:
- ССС или ВСС;
- Одлични комуникациски вештини и професионален однос кон гостите;
- Љубезност, одговорност и тимски дух;
- Активно познавање на англиски јазик;
- Работно познавање на компјутери;
Работни задачи:
- Пречек и пријавување на гости;
- Комуникација со домашни и странски гости;
- Давање информации и поддршка за време на престојот;
- Организација и координација на административните активности поврзани со приемот;
- Комуникација со останатите членови на тимот за обезбедување квалитетна услуга.
Нудиме:
- Работа во пријатна и динамична работна средина;
- Можност за професионален развој и напредување;
- Редовни примања;
- Обука и поддршка при воведување во работата.
Доколку сте комуникативни, организирани и сакате да работите со луѓе, испратете ја вашата биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „За Рецепционер/ка“.
За дополнителни информации, слободно контактирајте нè.
Слични огласи »