Фарбари/припремач – фарбара

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

ФАРБАРИ/ПРИПРЕМАЧ – ФАРБАРА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Припрема на површината пред фарбање (китирање, стругање и фино китирање)
  • Израмнување на површините на возилото
  • Заштитна изолација пред фарбање, одмастување и одпрашување
  • Поврзување на инсталацијата со машините за припрема
  • Проверка на материјалите пред одпочнување со китирање (состојба на површината, остранување на сите нечистотии и обезбедување на добра адхезија на китот)
  • Посебно внимание за економично користење на материјали

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Диплома за завршено средно образование – по можност Автолакер
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност, но не е задолжително (работно искуство како гипсер ќе се смета за прифатливо)
  • Способност за работа во динамично опкружување како и работа под притисок со зададени временски рокови

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ;
  • Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина.

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 30/10/2021

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »