Конкурс за новинар и уредник

  • Објавен пред 2 месеци
  • ВФВ КОНСАЛТИНГ
  • Активен до 20.07.2017
  • Позиција: Новинар/Медиум
  • Локација: Скопје

КОНКУРС

Он-лајн медиумот medial.mk и post.mk распишува конкурс за следната позиција:

  1. Новинар уредник
  2. Новинар
  3. Новинар за спорт

Услови

Кандидатите за работната позиција Спортски новинар, Новинар и Новинар-уредник, потребно е да поседуваат работно искуство во областа на новинарството, да имаат одлично познавање на следните јазици и нивните правописи: албански, македонски и англиски јазик, да бидат ентузијасти и посветени на новинарската работа.

Обврски и одговорности:

Спортски новинар: Обезбедување информации и податоци од терен; подготвување на истражувања, видео репортажи, интервјуа и други медиумски производи од областа на спортот.

 

Новинар: Обезбедување информации и податоци од терен; подготвување на истражувања, видео репортажи, интервјуа и други медиумски производи.

Новинар-уредник: Обезбедување информации и податоци од терен; подготвување на истражувања, видео репортажи, интервјуа и други медиумски производи. Надгледување на работата на другите новинари, проверка на текстовите и нивно уредување, објавување на истите на он-лајн медиумите, како и планирање и распоред на новинарските работни обврски.

Нудиме подеднакви услови за вработување, со што ги охрабруваме сите заинтересирани да аплицираат.

Аплицирање: Потребно е да испратите Ваша фотографија и CV на следната е-маил адреса: jobs@post.mk

КЛИКНИ