Механичар

За компанијата: СТАРООН ЕВРОПА ДООЕЛ Скопје е компанија за производство на текстил за постелнина.Компанијата е посветена на овозможување на највисок квалитетот како на производот така и на услугата за клиентите. Со фокус... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

 

Во моментов имаме потреба за пополнување на работните позиции „Одржувач на машини во текстилна индустрија (механичар)”.

КОИ ЌЕ БИДАТ ТВОИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Одржување на машините за производство во добра состојба и отстранување на дефекти
  • Редовно вршење на проверки, идентификување и решавање на проблеми поврзани со функционалноста на машините
  • Почитување на безбедносните протоколи на работното место и придржувањето до оперативните процедури за создавање безбедна работна средина.
  • Други обврски дадени од работодавецот

КВАЛИФИКАЦИИ И КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Минимум ССС техничко училиште
  • Претходно искуство во текстилно производство ќе се смета за предност;
  • Способност за следење на работни инструкции;

ШТО БАРАМЕ ОД ТЕБЕ:

  • Да имаш професионален пристап и однос кон работните обврски;
  • Да поседуваш висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност;
  • Да си флексибилен, приспособлив, трудољубив;;
  • Способност за добро приоретизирање на работните обврски;

Доколку горенаведените критериуми одговараат на твојот личен профил и можеш да допринесеш со твоите способности, сакаш динамична средина, сакаш да инвестираш во твојот развој како личност и значајно ти е напредување на кариерен план, ја очекуваме твојата апликација на нашата e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] или 078/441-241

ШТО НУДИМЕ:

  • Обезбеден превоз
  • Топол оброк
  • Обуки и усовршувања, кои ќе ти помогнат да напредуваш како во компанијата така и надвор од неа;
  • Бонус за работна успешност
  • Искуство во интернационална компанија

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат контактирани и ќе влезат во процесот на интервјуирање.

ВАЖНО:

Доколку се согласувате Вашите резимеа да бидат зачувани во нашата база за идни работни позиции, Ве молиме да не информирате со изречно наведување дека се согласувате за тоа.

Рокот за поднесување на апликации е до 16.02.2024

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »