Техничар за одржување

За компанијата: Magna International Inc. is a leading global automotive supplier dedicated to delivering new mobility solutions and technology that will change the world. Our products can be found on most vehicles today... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 6 месеци
  • Magna International
  • Активен до 30.06.2021
  • Позиција: Електро/машински техничар
  • Локација: Охрид

Company Description

Magna International Inc. е водечки светски добавувач на автомобилски компоненти посветен на развивање на нови мобилни решенија и технологија која ќе го промени светот. Нашите продукти и системи се вградени во две од секои три возила произведени во светот и глобалната мрежа на Magna International Inc. се наоѓа на пет континенти и 28 држави и се состои од 347 производствени операции и 84 центри за инженеринг, продажба и развој со повеќе од 158,000 вработени кои се фокусирани на испорачување на супериорна вредност на нашите клиенти преку иновативни процеси и производство од највисок квалитет.

За потребите на својата дивизија за производство на ретровизори Magna Mirrors, во Охридско/Струшкиот регион, имаме потреба од:
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Главни одговорности:

  • Техничарот за одржување е одговорен за поправки и одржување на машините на целото производство
  • Навремено одржување според претходно зададен план
  • Дава препораки за оптимизација на процесите и на опремата
  • Намалување на застојот како дел од неговата работа за одржување и поправка

Потребно искуство:

  • Техничко образование
  • Минимум 1 година искуство во техничка област
  • Основно познавање на MS Excel
  • Вештини за решавање проблеми
  • Познавање на англиски јазик
  • Аналитички и сеопфатни вештини на размислување
  • Способност за работа под притисок
  • Тимски играч

 

Место на работаТИРЗ Охрид / Струга

Краен рок за аплицирање: 30.06.2021

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги имате потребните вештини, испратете го вашето CV на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: "Техничар за одржување" најдоцна до 30.06.2021.

Со доставување на Вашето CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.