Машинобравар

Фирмата Алфатек Сервис и Услуги од Скопје има потреба од вработување на бравари со и без работно искуство. Потребни се сериозни и одговорни личности со висок морал за работа за вработување на подолг временски период. Работните обврски вклучуваат:

  • Реализирање на однапред дадени работни налози,
  • Превземање на материјали од магацин,
  • Демонтажа и монтажа на метални конструкции,
  • Заварување со кислород и ацетилен на различни делови и конструктивни елементи, како и санација на оштетени метални конструкции,
  • Други машино-браварски активности и задачи по налог од техничарите.

Кандидатите е пожелно но не е неопходно да имаат работно искуство во иста или слична дејност.

Работно време 8:00 – 16:00 од понеделник до петок. Секоја прекувремена работа се плаќа соодветно.

Сите заинтересирани да испратат кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] или да се јават на телефонскиот број 02/ 55 12 991

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »