Продукт менаџер

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следната нова работна позиција:

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

Датум на објава:

21 Април 2021

Рок за пријавување до

28 Април 2021

Број на оглас:

О-210422-А-БМ

Сектор:

Администрација

Работни задачи:

  • Анализира залихи на сите артикли во магацин за одржување на оптимално ниво,
  • Прави нарачки за одржување на оптимална залиха во компанијата за брендовите за кои е одговорен/а,
  • Изработка и следење на ООС извештај,
  • Следи залиха во магацин со критични рокови и информира за нивно решавање,
  • Остварува комуникација со сите принципали во врска со работата,
  • Ја следи состојбата на декларирани производи и декларации и дава налог за изработка на истите,
  • Изготвува извештаи,
  • Внесува продажна цена за артиклите во систем,
  • Организира транспорт за нарачаната роба и обезбедува потребна документација за увоз,
  • Ги следи договорените промо планови и годишни планови,
  • Следење и контрола на инвестиции за продажба,
  • Ажурирање на ценовници за сите дивизии,
  • врши други работи по опис на работно место.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено високо образование,
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Познавање и работа со Мајкрософт Офис, особено Ексел,
  • Одлична комуникација и професионално однесување,
  • Организирана, динамична, проактивна, мотивирана и стабилна личност насочена кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Висока способност за размислување и истражување независно, аналитички и креативно,
  • Ефикасно управување со време,
  • Чувствува комоција во околина со брзо темпо на работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Познавање на ЦФМА софтвер ќе се смета за предност.

Потребно искуство:

  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања.

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »