Раководител на продажен салон во Битола

За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Прима Мебел ДОО:

Специјалист за корисничка поддршка

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија 8. Во дури 8 фабрики во Хрватска и во странство произведуваме мебел за целокупно опремување на домовите, апартмани, викендици, хотели и работни простори.  На тој начин имаме вработено преку 2000 работници од разни профили и подрачја на стручност. Стратешкиот фокус на PRIMA е развој насочен кон зголемување на трговскиот удел во производството и продажбата на мебел, како на домашниот, така и на странскиот пазар. Поради зголемување на тимот, бараме компетентни и добро обучени луѓе насочени кон остравување на резултати, склони на тимска соработка со желба за нови знаења и вештини, и кои би биле заинтересирани за работната позиција:

Раководител на продажен салон во Битола

Очекувани способности и вештини:

•    Одлични комуникациски и продажни вештини; 
•    Ориентираност и градење однос со потрошувачи;
•    Mотивирана и стабилна личност;
•    Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност;
•    Позитивен став, професионално однесување и деловна етика;
•    Неопходно е работно искуство на иста работна позиција и област.


Одговорности и задачи:

•   Развива продажни стратегии, цели и планови со цел да ги оствари предвидените резултати;
•   Планира, организира, раководи и врши контрола на тимот за продажба;
•   Ги Води и насочува вработените во продажниот салон во планирањето и реализацијата на нивните активности со цел да се достигне планираната продажба;
•   Редовно  ја следи и оценува работата на вработените во продажниот салон со цел да ги зголемува нивните перформанси и резултати.


Нудиме:
•   Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
•   Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
•   Систем на наградување на успешните вработени;
•   Компетитивна плата;
•   Пријателска работна атмосфера;
•   Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.

Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.

Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.

Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Раководител на продажен салон во Битола.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »