Менаџер за набавки

За компанијата: МЕРЕ маркети се трети по големина Руски ланец на маркети кој работи од 2009 година, под брендот СВЕТОФОР во Русија.Присутни сме во повеќе од 20 земји меѓу кои се Шпанија ,Кина,Германија,Србија итн. Во... повеќе за компанијата »

МЕРЕ маркети  за потребите на своето работење распишува оглас за следната работна позиција  “Менаџер за набавки

Лични карактеристики на кандидатот:

  • ВСС (економски, технички науки или природни науки)
  • Одлично познавање на MS Office
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
  • Одговорна, мотивирана и стабилна личност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Планирање и организација
  • Пожелно е работно искуство на иста или слична позиција

Опис на работно место:

  • Обезбедува производи со добар квалитет, по добри цени и во најкраток можен рок,
  • Комуникација со добавувачи,
  • Преговарање за подобри услови и цени,
  • Аналитика на продажбата и побарувачката,
  • Креирање на соодветен асортиман, во соодветни количини и имплементација на нови продукт категории и артикли,
  • Припрема и прием во систем за материјално работење,
  • Одржување на нивото на залихи,
  • Изработка на извештај за повисоките менаџерски структури,
  • Следење на конкуренција,
  • Предлози за акции и промоции,
  • Комуникација и соработка со останатите сектори

    Нудиме:

  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
  •  Можност за професионален развој и напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија
  •  Компетитивна плата

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и испратете ни го вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов,за работна позиција “Менаџер за набавки”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »