МАГАЦИОНЕР

  • Објавен пред 2 недели
  • Алма - М ДООЕЛ
  • Активен до 03.12.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

МАГАЦИОНЕР - Пикер

Ние во Алма-М веќе 28 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

 

Алма – М ДООЕЛ објавува ОГЛАС за следната работна

 

Позиција: МАГАЦИОНЕР-Пикер

Датум на објава: 27 Ноември 2019

Рок за пријавување до: 3 Декември 2019

Број на оглас: О-191127-М-М

Сектор: Логистика

Локација: Скопје

Под супервизија на: Супервизор на магацин

 

Работни задачи:

  • Подготовка на нарачки,
  • Одржување на хигиена во магацин,
  • Броење на роба за време на пописи на месечно ниво,
  • Возење на нарачки по потреба,
  • други работи по налог на претпоставениот

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование, 
  • Флексибилност за работа, одлична комуникација, фокусираност,
  • Професионално однесување и организираност,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,

 

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство не е потребно

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: vrabotuvanje@alma-m.mk со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на нето плата за огласеното работно место, изнесува во опсег од 20.000,00 до 25,000,00 во зависност од работната успешност.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

КЛИКНИ