(преземи го огласот како PDF)
За компанијата : Ман-Дра е формирана 1999 година, која ќе биде сервис и ќе им нуди услуги на компаниите кои се занимаваат со производство во делот на автоматизација на нивните процеси, веднаш по формирањето започнавме со производство на уреди кои со своите перформанси и квалитет се во самиот врв од понудата на пазарот.
Нашата цел е на пазарот да нудиме квалитетни и пристапни производи и услуги, а тоа со сигурност ќе може да го оствари нашиот квалификуван кадар со професионален пристап. Нашите капацитети за производство континуирано растат и традиционално успеваме да ги задоволиме сите светски стандарди за сигурност и квалитет. Повеќе од 10 години доставуваме високо квалитетни производи на македонскиот и европскиот пазар и создаваме илјадници задоволни потрошувачи.
Потребни Квалификации:
- Завршено најмалку ССС Електроничар / Автоматичар, Електротехничар,
- ВСС Електроинженер ќе се смета за предност.
- Предходно работно искуство ќе се смета за предност.
Во рамките на работните задачи и одговорности од кандидатот се
очекува да има познавање со:
- Работа со компјутери;
- Читање на електрични шеми и шемирање на ормари;
- Електроповрзување, подесување, пуштање во работа и одржување на системи за автоматско управување - индустриска електроника и автоматика, фотоволтаични централи и сл;
- Програмирање на PLC и HMI ќе се смета за предност;
Лични Карактеристики:
- Одговорна и амбициозна личност насочена кон резултати и надоградба на своите знаења.
- Способност за адаптација и работа во тим.
Задолжително е кандидатот да има возачка дозвола Б категорија
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат со биографија на следната email адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »