Продукт менаџер за резервни делови

  • Објавен пред 5 месеци
  • Сервис Македонија
  • Активен до 24.05.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Друштвото за сервисирање и одржување на електронски уреди за широка потрошувачка СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, распишува оглас за вработување на:

Продукт менаџер за резервни делови

Со место на вршење на работните задачи во Скопје

 

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Завршено високо образование од техничките науки е пожелно;
  • Минимум 2 години работно искуство во набавка и планирање;
  • Искуство од областа на електронски апарати за домаќинство и ИТ ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик (усна и пишана комуникација);
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Добро развиени преговарачки и комуникациски способности;
  • Систематичност, организираност и способност за работа под временски притисок;

 

Задачи и одговорности:

 

  • Следење на процесот на нарачка на резервните делови за одредена продуктна категорија;
  • Одржување редовна комуникација со сервисните партнери, странските и домашните добавувачи;
  • Следење и контрола на потрошени резервни делови и лагерот во сервисниот центар;
  • Следење и контрола на расходуваните расипани резервни делови;
  • Приготвување, архивирање, комплетирање и пратење на текот на документацијата поврзана со резервните делови и нивно проследување до надлежните сектори;
  • Водење на детална евиденција во постоечкиот софтверски пакет за нарачки;
  • Подготвување на тековни и периодични извештаи;
  • Пратење на трендовите на проблемите со производите, и соодветна реакција кај сите поврзани субјекти;
  • Вршeње сродни работи.

 

Услови за работа:

 

  • Работа во динамична и стимулативна работна средина, со можности за развој;
  • Работно време: 8:30 - 16:30; понеделник – петок;

 

Доколку сте заинтересирани за работната позиција и воедно ги сполнувате испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@servismakedonija.mk, со назнака:  “Оглас за Продукт Менаџер за резервни делови”

Огласот е активен до 24.05.2018

 

Општи правила за аплицирање:

 

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот) и мотивациско писмо (име и презиме на апликантот) на македонски јазик;
  • Назнака на позицијата за која се аплицира;
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во СЕРВИС МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
КЛИКНИ