Внатрешен ИТ Ревизор

За компанијата: ТТК БАНКА АД Скопје е успешна универзална банка која функционира со стабилен позитивен раст преку широко распространетата мрежа на филијали и експозитури. Банката ги извршува сите банкарски активности... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка-партнер за малите и средните претпријатија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство.

 

Банката има моментална потреба за вработување на лице во рамки на Службата за внатрешна ревизија за вршење на редовни, континуирани и сеопфатни ИТ контроли и ревизии на информационите системи на Банката. Од тие причини, ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:

 

   ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО

Внатрешен ИТ Ревизор

(1 извршител)

 

Потребни квалификации и способности:

  • ВСС / Информатички науки;
  • Работно искуство над 3 години во извршување на ИТ ревизии или сродно искуство во областа на информационите системи;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Аналитичност, прецизност и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети;
  • Препознавање на ризикот во работењето, способност за работа под притисок и работа согласно законската и интерната регулатива;
  • Извршување на работните активности согласно законската и интерната регуалтива;
  • Висок степен на чесност, етичност и доверливост;
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

 

Краток опис на работно место:

  • Самостојно извршување на ревизии на информационите системи на Банката како и учество во интегрирани ревизии на останатите функции во Банката (на барање и во соработка со Раководителот на Службата за внатрешна ревизија);
  • Извршување на анализи за оценка на ревидираниот процес/функција како и негова усогласеност со регулативата и интерните политики и процедури;
  • Имплементација на политики, процедури и методологии за спроведување ИТ ревизија;
  • Подготовка и спроведување на прашалници, листи за проверка и тестови за ИТ ревизија;
  • Подготовка на нацрт-извештаи од извршени ИТ ревизии и достава до Раководителот на Службата за внатрешна ревизија;
  • Контактирање, дискусија, информирање и толкување на наоди и препораки од ИТ ревизија со останатите одговорни и инволвирани лица;
  • Усогласеност со соодветни стандарди, процедури, етички принципи и контроли за информатичките системи преку известување и препораки и инфомирање во врска со извршената работа, откривајќи ги сите значајни познати факти;
  • Соработка со надворешни ревизори и останати државни институции во делот на ИТ ревизии;
  • Вршење на ИТ истраги и поврзани активности, како и други активности доделени од Раководителот на Службата за внатрешна ревизија.

 

 

Банката нуди:

  • Континуирана обука и можност за професионален развој;
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
  • Динамична организациска култура во која се почитува иницијативноста, креативноста, придонесот и тимскиот дух. 

 

Работно време:

 

40 часовно неделно работно време распоредено во рамки на работното време на Банката

 

Локација на работното место:

 

Централа Скопје

 

Останати информации:

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик, копија од уверение за завршено образование и други документи кои ги сметаат за релевантни (препораки, потврди, сертификати) најдоцна до 31.07.2022 година (недела), со назнака: „Апликација за Внатрешен ИТ ревизор“ на следната е-маил адреса: kariera@ttk.com.mk.

 

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде  45, 90 или 120 дена, по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.

 

Напомена:

Доставените апликации ќе се третираат како строго доверливи согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од една година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »