Гастроном - Продавач

Плата од 20.000 ден. до 25.000 ден.

  • Објавен на 8.2022
  • Боттега Дел Густо
  • Активен до 02.09.2022
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје

Боттега дел Густо е фирма специјализирана за увоз и продажба на деликатесни производи од Италија и постои на пазарот една година. Нашата цел е да ја доближиме автентичната италијанска храна до потрошувачите во Македонија.Брендот Боттега Дел Густо успешно се позиционираше на пазарот изминатата година и стана препознатлив по квалитетот на производите и врвната услуга. Вршиме малопродажба и големопродажба на сите производи во нашата специјализирана продавница, лоцирана на ул. Максим Горки бр. 21 во центарот на Скопје.

Бараме нови членови во тимот, продавач на овие Италијански млечни и месни деликатеси.

Пријави се доколку :

  • Знаеш да ракуваш со машини за сечење месни производи
  • Си љубител на добра храна
  • Зборуваш странски јазик (англиски, италијански) - ќе се смета како предност
  • Сакаш да научиш повеќе за културата и храната на Италија
  • Претходно искуство во подготовка и продажба на сувомеснати производи
  • Ти одговара работа во две смени
  • За дистрибуција возачка дозвола Б категорија

instagram @bdg.skopje

Те очекува многу пријатна работна атмосфера!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »