Менаџер за логистика

За компанијата: Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна Македонија... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Прима Мебел ДОО:

Специјалист за корисничка поддршка

(преземи го огласот како слика)

 

                                                       

                                                                      Менаџер за логистика

 

Локација: Скопје

Твоите работни обврски вклучуваат:

  • Раководење со логистика (дневен распоред, распоред за припрема на роба/истовар, контролирање и запримување на роба, складиштење, припрема на роба за излог, припрема на роба за купувачи, припрема на роба за поврат и рекламации во магацин);
  • Организирање на процесот на испорака на роба (комуникација со купувачи за договорање соодветен термин за достава на робата, организирање на доставата и доставувачите согласно адресата за достава, организирање на личното превземање на робата од страна на купувачот, затворање доставници во Microsoft Dynamics NAV);
  • Следење на годишниот буџет на продажба (делот на достава и монтажа, планирање на потребен број на вработени, возила, алат и капацитет на магацински простор);
  • Следење и реализација на целта за достава, монтажа и решавање на рекламации;
  • Водење на тим;
  • Градење на успешен тим;
  • Пренесување на корпоративните вредности на членовите на тимот;
  • Водење на тимот кон активна вклученост при извршување на работните обврски во магацинот, доставата и монтажата како и нивен личен развој;
  • Советување на членовите на тимот во насока на оперативен напредок;
  • Организација на работните обврски на тимот (план за вработување, распоред на работното време);
  • Формирање на план за тимски и поединечен развој;
  • Градење на однос со купувачите по телефонски пат, при превземање на робата во продажен салон и при достава на робата до домот на купувачот.

Твојот профил треба да биде:

  • Имаш позитивен став и енергија;
  • Флексибилен си и спремен за учење;
  • Спремен си за работа во динамична средина и работа под притисок;
  • Насочен си кон тимска работа;
  • Поседуваш минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Поседуваш возачка дозвола Б-категорија.

Нудиме:

  • Едукација и опкружување кое го подигнува твојот личен и професионален развој;
  • Работа во динамична средина;
  • Предизвикувачки и разновидни задачи;
  • Наградување и пратење на процесот на развој на компетеност и личен учинок;

 

  Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.

 

Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Менаџер за логистика.  

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »