Транспортен работник

Плата од 25.000 ден.

За компанијата: „Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот.... повеќе за компанијата »

АД ЕВРОПА Скопје има потреба од  транспортен работник кои ќе ги извршуваат работните задачи во Магацините на фабриката.

Транспортен работник во Магацин

Задачи на работното место:

  • на дневно ниво презема стока и ја складира на одредено место во магацинот;
  • по налог на претпоставеното лице треба да припрема пратки за утовар;
  • врши утовар на припремените пратки во транспортните средства;
  • при утоварот мора да ја контролира утоварената количина по налогот и за секое несогласување да го информира претпоставеното лице;
  • по налог на претпоставениот оди на истовар и врши истовар на производите во магацинот на купувачите;
  • ја одржува хигиената во магацинот;
  • извршува и други работни задачи кои не се опфатени во описот на задолженија, по налог на претпоставениот;

Услови за кандидатите:

  • ССС (завршено средно образование)
  • Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
  • Почитување на колеги и претпоставени, насоченост на тимска работа 
  • Пожелно е работно искуство на исто или слично работно место

Компанијата нуди:

-  Можност за вработување на неопределено време.

-  Можност за доусовршување и развој на кариера.

-  Редовни месечни примања, надоместоци.

-  Платен оброк за секој вработен.

Сите кандидати кои се заинтересирани за ова работно место, имаат можност да аплицираат на овој оглас со доставување на CV на следниот mail:  hr@evropa.com.mк

Ве молиме да наведете во subject: Апликација за транспортен работник. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју. Ве молиме без телефонски јавувања.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »