Друштво за трговија и услуги МЕДИКОТЕКА ДООЕЛ Скопје, компанија од областа на фармацијата го објавува следното слободно работно место:
СТРУЧНО КОМЕРЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК – 1 (ЕДЕН)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ
- ВСС – приоритет ќе имаат кандидатите со диплома од Фармацевтски факултет, Стоматолошки факултет, Медицински факултет.
- Одлични комуникациски и презентациски вештини.
- Активно користење англиски јазик (читање, пишување, говорење).
- Мобилност, студиозност, посветеност, трпеливост, ориентираност кон детали.
- Желба за учење и за надградба.
- Ентузијазам, педантен и професионален однос, лојалност и дискреција.
- Задолжително поседување возачка дозвола од Б-категорија и активно возење.
ЦЕЛ И ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Секојдневно посетување на партнерите и комуникација со нив, со цел остварување и унапредување на планираните продажби во регион Скопје и во други градови по потреба.
- Спроведување маркетинг-активности.
- Учество на стручни собири и на конгреси.
- Анализа на продажби.
- Следење на активностите, известување за нив и подготвување извештаи.
- Одржување на базата на податоци.
- Интерна комуникација со продуктни менаџери и екстерна комуникација со соработници (фармацевти) во соодветниот регион.
- Постојано подобрување и континуирана иновативност во секојдневните работни активности, со цел зголемување на индивидуалните и на компаниските остварени резултати и грижа за угледот на компанијата.
Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 8:30 до 16:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 30.700,00 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот.
Писмото за мотивација, кратката биографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта:
[најави се за да го видиш е-маилот] ,
со назнака: „За оглас – Стручно-комерцијален претставник“.
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со интервјуа.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.
Огласот трае 4 (четри) работни дена од денот на неговото објавување.
Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со членот 23 од Законот за работни односи.