Комерцијалист - Унапредувач на продажба

Млекара Тетово со своето широко портфолио на производи и искуство од повеќе од 40 години на пазарот е една од водечките фабрики за преработка на млеко во Македонија. Препознатливи сме по брендовите Млекара Тетово, Кораб, Natura, Фетино и Шарси. Бараме високо мотивиран комерцијалист за продажба на млечни производи со:

  • Искуство во продажба во прехрамбена индустрија минимум 3 години
  • Детално познавање на пазарот
  • Одлично познавање на MS Office
  • Способност за градење на пазарни извештаи
  • Возачка дозвола - Б категорија
  • Основно познавање на правната регулатива во Македонија за модифицирање и создавање на договори за продажба
  • Вештини за финансиска и статистичка анализа на резултатите од продажба.
  • Одлични вештини за презентација и визуелизација на податоци
  • Основни познавања од нутриционизам

Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот] . Успешните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Млекара Тетово во Скопје. Платата е атрактивна, и поврзана со покажаните резултати. Со работното место следува службен телефон, автомобил и компјутер.   

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »