
За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки...
повеќе за компанијата »Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, во над 250 филијали во пет европски земји – Македонија, Шпанија, Бугарија, Романија и Босна.
За ефикасно и ефективно исполнување на финансиските потреби на нашите клиенти имаме потреба од зголемување на нашиот тим и објавуваме оглас за позицијата:
ОПЕРАТОР ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Потребни квалификации и вештини:
- Одлични комуникациски вештини
- Вештини за преговарање
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати
- Аналитичко размислување и вештини за приоритизирање
- Способност за тимска работа
- Познавање на пакетот MS Office
- Релевантно искуство од најмалку 1 година ќе се смета за предност
Опис на работни задачи:
- Наплата на долговите согласно политиката на Флекс Кредит
- Комуникација со должниците на дневна база
- Анализа на резултатите и наоѓање начин за подобрување на истите
- Ажурирање на податоците добиени од клиентите
- Креирање на извештаи и евиденција на преземените задачи за комплетирање на својата работна обврска
Услови од компанијата:
- Атрактивна плата плус месечни бонуси според политиката на компанијата
- Можност за професионален развој и напредување
- Можност за дополнителна обука и тренинг
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку имате желба да станете дел од тимот на Flex credit, Ве молиме испратете ни Ваша биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] или на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »