Електротехничар во електро одржување

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Цементарница УСЈЕ АД Скопје:

Production engineer

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,  насочени кон постигнување резултати  и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

Електротехничар во електро одржување

Избраниoт кандидат ќе бидe задолжени за електро одржување на индустриски машини (трансформатори, мотори), трансформаторски станици и релејна заштита, PLC управувани машини, лабораториски инструменти и друго во Одделението за електро одржување.

Кандидатoт преку работење според план придонесува кон перформансите на тимот за електро одржување. Работите ги извршува според законските прописи и компаниските стандарди за безбедност и здравје при работа. Извршувањето на задачите го прави во најголем дел самостојно, или како дел од тим. Работното време се одвива во три смени.

Нето плата за работното место е од 24.000 до 28.800 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа со што нето платата достигнува до 30.000,00. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Потребни квалификации:

  • Средно електро техничко училиште, IV степен, електротехничка насока
  • Работно искуство од 1-3 години во индустрија  ќе се смета за предност
  • Познавање на PLC и компјутери ќе се смета за предност
  • Познавање на MS Office, AutoCAD, Windows OS
  • Познавање на релејна заштита, ел.енергетски постројки, енергетски трансформатори и ел.мотори (за електротехничар)
  • Познавање на англиски или германски јазик ќе се смета за предност

Конкурентски предности:

  • Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања
  • Тимска работа и кооперативност
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Решавање на проблеми

      

К     Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:  

1.    Мотивациско писмо

2.    Биографија (CV)

3.    Доказ за завршено образование

 

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,

https://www.usje.mk/mk/kariera/pridruzhete-ni-se/

 каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »