
АДИНГ АД Скопје, има потреба од проширување на продажниот тим во продажниот салон АДИНГ Маркет 1 (нас.Ѓорче Петров) со еден извршител на позиција:
ПРОДАВАЧ
КОИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ ВИ СЕ ПОТРЕБНИ:
- Да сте прилагодливи и способни за работа во тим.
- Да сте динамични, ведри и да имате добра комуникација.
- Организирани, исполнителни и позитивни.
- Да познавате работа со компјутер (MS Office пакет)
- Со или без работно искуство.
- Познавање на градежните материјали се смета за предност.
КОИ СЕ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ:
- Комуникација со купувачи, презентација на производите и нивна продажба.
- Следење на залихите во продавницата.
ШТО НУДИМЕ:
- Вработување на определено време од 6 месеци, со можност за вработување на неопределено време и можност за напредување во службата.
- Осигурување на полно работно време и сите бенефиции од работниот однос кои се утврдени со колективниот договор на Друштвото.
- 40 работни часа неделно, во фер и позитивна работна атмосфера со тим кој брзо ќе ви пренесе знаење.
Доколку сте заинтересирани за наведената позиција и Вашиот профил одговара на барањето, испратете ни ја вашата биографија (CV) електронски или по пошта најдоцна до 31.03 (петок) и наведете: ОГЛАС ЗА ПРОДАВНИЦА.
Е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Пошта: ул.Новоселски пат (1409) бр.11, Ѓорче Петров, Скопје
АДИНГ е компанија за производство и продажба на хемиски материјали за градежништвото со традиција од 1969 година.