Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работи во мултидисциплинарна и мултинационална работна средина за пополнување на позицијата:
Проектант – Градежен инженер
Задачи и одговорности:
- да врши изработка на градежниот дел од проектот,пресметка,цртање,предмер и спецификација на приклучна секундарна и магистрална топлификациона мрежа до комплетно оформеност на проектот,
- дефинирање на нивелети како и за статичките и јакосни пресметки за градежниот дел на проектите,
- Врши контрола на геодетскиот премер на предвидената идејна траса, учествува или ги координира овие активности,
- Врши контрола на извршената предмер пресметка за предвидената градежна траса или учествува во истата,
- Одговорен е за подготовка на документацијата за добивање на градежна дозвола за изведба на проектот чиј инвеститор е Друштвото .
Критериуми за избор:
- Степен на образование 7,1 ВСС – Градежен факултет,
- Вработување на определено време од 6 месеци- замена на работник на породилно отсуство со можност за продолжување,
- Работно искуство минимум 1 (една ) година,
- Возачка дозвола Б категорија,
- Овластување за проектирање на градби,
- Работно време 40 часови неделно,
- Работникот ќе работи 08:00-16:00,
- Основна плата: 32.000,
- Избор по пат на тестирање.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија, а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:
Електронски:
Message to: [најави се за да го видиш е-маилот]
Subject: Пријава: За работно место ,,Проектант – Градежен инженер,,
По пошта:
Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,
Ул. „Лондонска“ бр. 8 , 1000 Скопје
Пријава: за работно место ,,Проектант – Градежен инженер,,
Рокот за пријавување е 5 дена од денот на објавување.Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45 дена, до 500 – 90 дена и над 500 – 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени во предвид. Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514026.