Агент за недвижности

За компанијата: Компанијата GLOBAL IMPACT влегува во секторот градежништво во 2015 година со финална цел да поттикне нов стил на живеење во урбаната средина по европски стандарди. Наша примарна дејност е изградба на станбени,... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 7.2018
  • Global Impact
  • Активен до 21.07.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.globalimpact.mk

Компанијата GLOBAL IMPACT влегува во секторот градежништво во 2015 година со финална цел да поттикне нов стил на живеење во урбаната средина по европски стандарди. Наша примарна дејност е изградба на станбени, деловни и индустриски објекти, кои претставуваат синоним за квалитетна, сигурна и професионална градба.

 

Континуираното подобрување на квалитетот на градбите, следење на светските трендови во доменот на градежништвото и домувањето, примена на современи технологии и модели на градење се само дел од работите за кои секојдневно се залагаме.

 

Поради зголемениот интензитет на активности и потребите на секојдневното оперативно-административно работење, GLOBAL IMPACT го проширува својот тим за Продажба и отвара нова работна позиција Агент за недвижности со доленаведените спецификации.

 

 

Базични информации

  • Времетраење на договорот: 3 месеци (со можност за продолжување)
  • Официјален старт на работната позиција: 13ти Август (понеделник), 2018 година
  • Работно време: 8 часа/дневно (5 дена во неделата; сменско работењe)

 

Потребни квалификации, поврзани со активностите на позицијата:

  • Познавање на работа со компјутери и MS Office пакетот (Word, Excel, Outlook, Power Point и др.)
  • Извршување на административни активности (data entry)
  • Идентификување на нови бизнис можности и потенцијални клиенти за продажба на станови
  • Склучување на договори со заинтересирани клиенти, преговарање и советување
  • Нуди ефикасни решенија за клиентите и се грижи за нивните потреби       
  • Анализа, сортирање и процесирање на информации од доменот на недвижности

Искуство во продажба во доменот на недвижности ќе се смета за предност

 

 Личен профил на кандидатот:

  • Одлични комуникациски и презентациски способности
  • Иницијативност, темелност и позитивен став
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Адаптибилност и флексибилност
  • Експедитивност, трудољубивост, точност, работа со рокови

 

Потребна документација за аплицирање:

Ваша професионална биографија (CV на македонски јазик)

 

Финален временски рок за поднесување на апликацијата

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »