Рачен пакувач

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: РАЧЕН ПАКУВАЧ

Посакувани квалификации:

  • ССС/ ВСС
  • Претходно искуство ќе се смета за предност
  • Познавање и користење на опрема за складирање
  • Логичко размислување
  • Самостојност во работата
  • Високо ниво на одговорност, прецизност, посветеност
  • Комуникативност, доверливост, тимски работник
  • Физичка издржливост

Одговорности:

  • Пакување на производи во кутии наменети за аптеки согласно ВМС системот користејќи безжични апарати за следење што треба да се спакува и евидентира согласно нарачките во системот
  • Обезбедува спакуваните кутии по аптека да бидат соодветно наполнети со производи во согласност на нарачката во системот и да бидат поставени на локацијата наменета за тоа во рамките на магацинот
  • Гарантира соодветно евидентирање на декларациите со апаратот од местото од каде го подигнал производот за да го спакува во кутијата наменета за аптеката за која го работи поставената фактура во системот, а која ја гледа во системот преку неговиот апарат
  • Водење грижа за безбедна и чиста работна средина, полици, палети и сл
  • Вршење на сродни задачи

Што нудиме:

  • Плата 30.000 + бонус
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Рачен пакувач на [најави се за да го видиш е-маилот]  или јавете се за повеќе информации на 078 260 835.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »