За компанијата: GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Добавувачи сме за се што може да им биде потребно на лабораториите за контрола на квалитет, а истовремено имаме и акредитирана лабораторија за спроведување на сите анализи потребни за контрола на квалитет во индустријата.
повеќе за компанијата »- Објавен на 3.2022
- GenLight
- Активен до 10.04.2022
- Позиција: Фармацевт/Фармацевтски техничар
- Локација: Скопје
- Веб: www.genlight.mk
GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Застапници сме на компании за лабораториски реагенси, потрошни материјали и хемикалии, а преку акредитираната лабораторија нудиме услуги за контрола на квалитет во индустрија. Заинтересирани сме за вработување на фармацевт со положен стручен испит и со Б категорија возачка дозвола на неопределено време за спроведување на следните работни задачи:
- Продажба на реагенси, лабораториски потрошни материјали и опрема
- Продажба на лабораториски услуги
- Спроведување на аналитички методи во лабораторија
- Развој на реагенси и китови
- Верификација на методи
- Одржување и развој на системот за контрола на квалитет
Освен тековните обврски околу продажба на производи и услуги, степенот на инволвираност во лабораториската работа зависи од вашите афинитети. Секојдневната работа сигурно ќе опфаќа припрема на раствори, подготовка на примероци, и основно следење на системот за контрола на квалитет, со тоа што доколку сте заинтересирани нудиме можност за обука и специјализација во лабораторијата. Имаме најголем опсег на методи во Македонија, што вклучува микробиологија, класични методи на аналитичка хемија, хроматографски методи, молекуларна биологија, клеточни култури и други.
Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] .
Планиран рок за вработување 10.04.2022