Унапредувач на продажба - МЕРЧЕНДАЈЗЕР

(преземи го огласот како слика)

АЛПОЈО ДООЕЛ - ОХРИД, Компанија со основна дејност производство, преработка, паковање, продажба и дистрибуција на прехрамбени производи, има потреба да вработи:

Унапредувач на продажба - МЕРЧЕНДАЈЗЕР - 1 (еден) извршител

 за реон  Скопје,Тетово и дел Куманово

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност
  • Работно познавање од компјутери (MS Office пакет)
  • Возачка дозвола  Б – категорија, активен возач (минимум 2 години)
  • Познавање на англиски јазик

Краток опис на работните обврски:

  • Редовна посета на маркетите за кои е задолжен
  • Проверка на состојбата на сите наши производи во маркетот

-следење рокови

-изложеност на артикли

-уредност и контрола на цени

  • Надополнување на производите на рафт
  • Достава на роба
  • Изготвување на неделни и месечни извештаи

Очекувани вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Организациски и аналитички способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Флексибилност за работа на терен

Ние нудиме:

  • Обука на кандидатите
  • Можност за професионален развој и унапредување во полето на маркетинг и продажба
  • Службено возило

Потребна документација:

  • Биографија (CV)
  • Мотивационо писмо

 

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 31.03.2019 година 
на е-mail адреса:    [најави се за да го видиш е-маилот]  , со  назнака:ПРАКТИКАНТ ЗА ПРОДАЖБА - МЕРЧЕНДАЈЗЕР ЗА СКОПЈЕ.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »